(ВИДЕО) Играч поради прослава на гол ќе заврши во затвор!

758

Фудбалерот на Ал Наџума, клуб од Саудиска Арабија, го привлече вниманието на светските медиуми со една необична одлука. Имено, неговиот тим постигна погодок, а тој на клупата прослави со „даб“, потег кој е карактеристичен за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Меѓутоа, тој облик на прослава е стриктно забранет во Саудиска Арабија, бидејќи Националниот одбор за сузбивање на дрогата на инцијатива на владата за решавање од зависноста од дроги донесе одлука дека тој потег сугерира шмркање кокаин.

На снимката јасно се гледа како играчот одби да се поздрави со својот соиграч и се одлучи да го направи потегот кој го популаризираше Погба. Играчот се уште не е казнет, но санкциите можат да се очекуваат наскоро, со оглед на тоа дека минатата година еден пејач беше уапсен откако на социјалните мрежи се појави снимка од неговиот „даб“ за време на еден концерт.

Националниот одбор за борба против дрогата во Саудиското министерство за внатрешни работи минатата година објави плакат на кој ги предупредува луѓето за опасностите од овој потег.