(Видео) Игор Иџе Стефановски: Ова е победа за Македонија!

905

Најдобриот македонски автомобилист имаше фантастичен викенд на легендарната патека Нирбургринг која важи за една од најтешките, ако не и најтешка во светот на автомобилизмот.

Игор Стефановски Иџе најпрво на првата трка го освои второто место, за во втората трка да дојде до историска победа, прва за него сезонава во ЕТЦЦ шампионатот.

По победата, Стефановски преку својата официјална фејсбук страница им се заблагодари на сите за поддршката и истакна дека оваа победа е за сите Македонци.

تم نشره بواسطة ‏‎Igor Idze Stefanovski – Fan Page‎‏ في 27 مايو، 2017

loading...