ВИДЕО: Ериксен го „бетонира“ очајот на Ирска: Зелените поведоа, па беа потопени

361

Фудбалската репрезентација на Данска успеа да се пласира на СП во Русија, откако вечерва ја демолираа селекцијата на Ирска на гостувањето со 5:1.

Апсолутен херој на гостите беше чудесниот Кристијан Ериксен, кој постигна спектакуларен хет-трик, а во листата на стрелци се запиша и некогаш славниот Никлас Бендтнер.

Ирците имаа почеток од соништата, први поведоа преку Дафи во 6. минута, но од тогаш па до крајот, се беше во знакот на Данска.

Прво во 29. минута Кристиенсен изедначува на 1:1, па следува шоуто на Ериксен, први во 32. минута за водство на Данска, а подоцна и во 63. и 74. минута за водство од 4:1.

Конечните 5:1 ги постави Бендтнер во 90+, со гол постигнат од пенал.

https://www.youtube.com/watch?v=66YWypp4utQ