(ВИДЕО) Еден од головите на Дибиров против Барса во Топ 5 погодоци на колото во ЛШ

312

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров, на гостувањето кај Барселона во рамките на Лигата на шампионите постигна три голови, а еден од тие три погодоци беше доволно добар да се најде во Топ 5 голови на 11. коло во елитното натпреварување.

Вардарци го доживеаја првиот пораз сезонава во ЛШ, а голот на Дибиров е мала утеха за рускиот интернационалец.

Најубавиот гол на колото е дело на Марио Шоштариќ од ПИК Сегед, додека Дибиров се најде на петтото место.

Видеото со голот на Дибиров, како и останатите погодоци кои беа избрани за најдобри, можете да го видите ТУКА.