(Видео) Драматичната завршница и неверојатното фаќање на Еделман кое им ја донесе титулата на Пејтриотс

367

51-то издание на Субербоул заврши со неверојатен пресврт и победа на Њу Ингланд Пејтриотс, но самиот натпревар се уште предизвикува огромно внимание.

„Ја имам, ја имам! Ја фатив!“, викаше Џулијан Еделман во моментот кога ја фати „онаа“, клучна топка на Том Брејнди во неверојатниот пресврт и кам-бек на Њу Ингланд Пејтриотс во финалето на сезоната во НФЛ.

Еделман со неверојатен сплет на околности успеа да ја прими топката на само еден сантиметар од тлото за време на третиот „даун“ на Пејтриотс, а НФЛ на „Твитер“ објави видео посветено само на таа акција. Сите учесници на Супербоулот беа озвучени така што јасно се слуша се што играчите на двата тима зборуваат додека судиите ја прегледуваат снимката.

„Ја фатив, се колнам во бога“, му зборува Еделман на противничкиот корнербек Брајан Пул додека на видео-ѕидот се вртеше снимка од акцијата.

„Ти падна на земја, погледни“, го уверуваше Пул, а откако на повторената снимка се гледа дека Еделман навистина исправно ја фати топката, Фалконси беа во неверување.

„Ти реков дека ја фати. Веднаш се виде“, изјави на клупата на Атланта вајд-ресиверот Мохамед Сану.