ВИДЕО: Досега невидено – Германски навивачи на трибина се гаѓаа со мртви риби

405

Мечот во германската трета лига помеѓу Карл Цајс Јена и Ханза Рошток кој се одигра викендов, долго ќе се памети по акцијата што гостинските навивачи ја направија.

https://www.youtube.com/watch?v=bwX5_WatB3U&feature=youtu.be&t=14

Навивачките акции доста често можат да бидат сурови и брутално, но и оргинални што го докажаа и навивачите на Ханза од Рошток кој помина 450 километри од северот на Германија до Јена кој е во централниот дел од државата за да го бодрат својот клуб.

Ако се земе предвид дека Рошток е една од најголемите пристаништа на брегот на Балтичкото море, гостите на домаќините им донесоа „пристоен“ поклон во вид на многу мртви риби.

Со песната, донесовме нешто за вас, риба, риба,риба ја гаѓаа трибината со противнички навивачи, но за среќа немаше никој повреден.