ВИДЕО: Дончиќ повторно направи проблем – соиграчите мораа да го смируваат

432

Неоспорлив е квалитетот кој го поседува младиот словенски кошаркар од редовите на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, кој освен тоа, има и тенки живци.

Тој редовно влегува во конфликти со дел од играчите или во конфронтација со судиите, по што пред десетина дена беше исклучен од судијата на меч во Евролигата.

Но Дончиќ повторно имаше свое шоу, алудирајки на лошите судиски одлуки на мечот Реал – Басконија (81:69). Тој беше бесен на судиите поради сомнителни одлуки, па иронично им ракоплескаше, по што мораа да го смируваат неговите соиграчи за да не направи поголема штета, прво на себе а потоа и на клубот.