ВИДЕО: Димитријевиќ и Хувентуд на драматичен начин запишаа победа во Шпанија

210

Македонскиот интернационалец кој настапува во екипата на Хувентуд во Шпанија, со својот состав на драматичен начин ја победија Андора во максимално изедначен натпревар (103:101).

По регуларниот дел од натпреварот, Хувентуд се избори за продолженија (90;90), а таму беа подобри од противникот.

Ненад Димитријевиќ доби шанса за настап во завршните моменти од мечот, и тоа се покажа како капитален потег на тренерот на Хувентуд. Во завршните минути кога Хувентуд беше во негатива, Димитријевиќ постигнува поени и прави пресврт за својата екипа.

Шесте поени на Димитријевиќ беа клучни можеби за победата над Андора.