ВИДЕО: Делириум – Хрватскиот коментатор „одлепи“ по победничката тројка на Антиќ

1185

Кошаркарите на Црвена Звезда ноќеска триумфираа во рамките на 10. коло од Евролигата, против благиот фаворит Реал Мадрид, со резулат 87:83.

Еден од клучните играчи за победата на нашите соседи беше нашиот репрезентативец Перо Антиќ, кој со својата клучна тројка ги закопа надежите на Мадриѓаните дека можат да направат изненадување во финишот.

Тој постигна тројка на седум секунди пред крајот на мечот, и со тоа ја потврди победата, а хрватскиот коментатор иако во прашање беше српски кошаркарски клуб, беше понесен од емоциите и специфичноста на ситуацијата на натпреварот, па со доста емоции ја проследи и искоментира тројката на мајсторот од Македонија.

Антиќ за победа на Звезда, ПЕРОООООООООООООООООООООО АНТИЌЌЌЌЌЌЌ“, отприлика вака изгледаше коментарот во тие моменти.