ВИДЕО: Војната продолжува – Атаман и Обрадовиќ повторно со потег кој привлече внимание

397

Кошаркарите на Фенербахче и Ефес се состануваат во четвртфиналето од Купот на Турција, а на овој дуел, очекувано во центарот на вниманието беа тренерите на двете екипи, Жељко Обрадовиќ и Ергин Атаман.

Нивната војна трае веќе десетина дека, откако турскиот стратег се однесе крајно неспортски кон Обрадовиќ по високиот пораз во првенството, па не сакаше да се ракува со тренерот на Фенербахче.

Веднаш потоа Атаман испрати неколку отровни стрели на сметка на српскиот тренер, па овој не му остана должен и проблемот се продлабочи.

Па затоа го очекуваа со нетрпение сите мечот од турското првенство каде требаше да се види дали тренерите ќе ја прегазат својата гордост, но до тоа не дојде, тие пак не се ракуваа.