(Видео) Вистинско лудило во Казањ: Мексико во бркотницата со Португалија успеа да освои бод

836

Португалија и Мексико одиграа возбудлив меч на Купот на конфедерациите. На крајот сосема заслужено реми со по два гола на двете страни.

Португалците и Мексиканците ремизираа во првото коло од Купот на конфедерациите (2:2), а на самиот почеток на натпреварот дојде до спорна ситуација.

По „проектилот“ на Кристијано Роналдо кој беше запрен од пречката, во продолжението од акцијата Пепе постигна погодок, но по консултациите кои траеја невообичаено долго, истиот беше поништен, по што радоста на Португалците беше залудна.

Целокупната ситуација делуваше смешно, бидејќи главниот арбитар мораше да чека „сигнал“ од надлежните кои ги прегледуваа снимките и утврдија дека Пепе се активирал од офсајд.

Само неколку минути подоцна, Португалија дојде до водство преку Рикардо Кварезма во 35. минута.

Кристијано Роналдо ја заврши целата работа. Побегна на своите чувари и мина по левата страна, успеа да ги измами дефанзивците на Мексико и со одлично додавање го пронајде Кварезма сам пред голот на Очоа за водство од 1:0.

Сепак, само седум минута подоцна, Вела центрираше до Чичарито по грешката на одбраната на Португалија, а поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед со глава погоди за 1:1 и со тој резултат се замина на паузата.

Во второто полувреме двете екипи имаа свои шанси, а на крајот се чинеше дека поделбата на бодовите е сепак најреалниот исход.

Португалците сепак беа поблиску до победата, особено откако Седрик постигна гол за 2:1 во 86. минута.

Во судиското надополнување, по корнерот на Дос Сантос, Морено беше највисок во скокот и со глава го совлада Руи Патрисио за конечни 2:2.