ВИДЕО: Бразил (не) му беше суден: Маса плачеше во 2008, но плачеше и 2017 година – од сосема различни причини

370

Вчерашното ГП во Бразил беше и дефинитивно последното на домашно тло за бразилскиот возач, бидејки тој го одвоза своето во кариерата, и оди во легендите на овој спорт, но ќе биде запишан како возач кој сепак не успеал да освои шампионска титула, но сепак стекнал планетарна слава.

Сите Ф1 фанатици добро се сеќаваат на страдалничката 2008 сезона, кога Фелипе Маса загуби шампионска титула во последните 300 метри токму на бразилското гран при, во едни неверојатни услови.

Таа сезона Фелипе Маса победи во Бразил, но петтата позиција на Луис Хамилтон на истата трка, не го направи шампион во Ферари, нешто кое го очекуваа момците од Маранело по претходната и последна титула на нивниот тим, со Кими Раиконен година дена порано.

Во Бразил Маса иако беше на највисокото скалило на пиедесталот, тој беше колатерална штета или најголемиот губитник, но сепак победник на трката. Солзите беа дел од неговиот настап на подиумот, а девет години подоцна, тој на истата патека, беше облиен во солзи, но овој пат со сосема друга причина – повлекување од спортот кој можеше да му донесе и сериозен инвалидитет на окото.