(ВИДЕО) Борко Ристовски на Топ 5 листата во Лигата на шампионите

371

Македонскиот чувар на мрежата на Барселона, Борко Ристовски повторно е дел од Топ 5 листата на Лигата на шампионите кога станува збор за најдобри голмански интервенции на колото.

Борко Ристовски влезе од клупата на мечот со Пик Сегед и со неколку интервенции придонесе Каталонците да направат пресврт, а една негова интервенција се најде на топ-листата на ЕХФ. Борко заврши на петтото место, но за жал, тоа не беше доволно за Барселона да слави победа во Унгарија.

Најдобрите пет одбрани на колото можете да ги видите ТУКА.