ВИДЕО: Блиц прашање за Карагер и Кутињо: Дали ова е повикот од Барселона?

1125

По уверливиот триумф на Ливерпул во ЛШ против Спартак Москва со 7:0, фановите на клубот од „Енфилд“ беа пресреќни.

Веднаш по натпреварот играчите ги дадоа своите изјави и видувања, а херојот на „црвените“ Филипе Кутињо, кој постигна хет трик, имаше свое излагање во прес центарот, заедно со легендата на клубот, Џејми Карагер.

И токму при давањето на изјавите, на Џејми Карагер му зазвони мобилниот телефон, а новинарот знаеше тоа да го претвори во голема шега, префрлајки му дека можеби тоа е повикот од Барселона, кога го виделе новиот перформанс на Бразилецот.