ВИДЕО: Баерн Минхен триумфално и во Леверкузен

475

Баерн Минхен вечерва триумфално се прошета низ Леверкузен кај домаќинот Баер, каде победи со 3:1 и ги однесе бодовите во Минхен.

Во рамките на 18. коло од Бундеслигата по зимската пауза, на ред беше мечот Баер – Баерн, каде повторно подобри беа Баварците.

Се почна од голот на Мартинез во 32. минута за почетно водство на гостите со 1:0.

Во вториот дел, Франк Рибери носи двојно водство во 58. минута. Она што им преостана на домаќините беше да се обидат да се вратат во резултатска неизвесност и преку Воланд во 70 минута доаѓаат до подобра ситуација (1:2).

Но Баерн рутински го приведе мечот до крај, уште и ја запечати победата во 90 минута каде стрелаше Родригез за конечни 1:3.

Баварците се цврсто први на врвот со 44 бодови, 14 повеќе од најблискиот кандидант на табелата, Шалке (30).