ВИДЕО: Ау, ау, ау… за ова промашување тешко дека ќе се пронајде објаснување

681

Напаѓачот на грчки АЕК, Серџо Араујо поштено се посрамоти во мечот од 21. коло во грчкиот шампионар поради сопствената себичност која го чинеше ретко видено промашување.

Домаќините веќе во 13. минута во мечот против Астереас можеа да стигнад до водство, но напаѓачот од Аргентина на АЕК несватливо промаши нешто што тешко може да се објасни.

По нафарлањето во шеснаесетникот, еден од гостинските фудбалер неспретно интервенираше и ја испрати топката кон сопствениот гол. Иако топката веќе одеше во рамки на голот, Араујо во желба да постигне гол, топката ја шутна во гредата, па истата се врати назад во теренот.

Па така мест гол, резултатот остана 0-0, а несреќниот напаѓач во неверување остана заплеткан во противничката мрежа од голот.