(ВИДЕО) Атмосферата која ја создаде „Фалангата“, беше клучна за победата над Словенија

2074

Македонската ракометна репрезентација синоќа го започна своето петто учество на континенталните собири. Тоа го стори на најдобриот можен начин – со победа против Словенија од 25:24.

Каде играат македонските репрезентации, пред се ракометната, таму е и македонската „Фаланга“, па исклучок не беше ниту загрепска „Арена“, каде македонските навивачи дојдоа во голем број и направија спектакуларна атмосфера која ги водеше ракометарите најпрво да се вратат од негативата, да ги консолидираат своите редови и на крајот да извојуваат голема и тешка победа против третопласираната светска репрезентација.

Уште еден доказ колку е важна македонската навивачка „Фаланга“ во мечевите на репрезентацијата, а во видеото во прилог погледнете ја фантастичната атмосфера во загрепска „Арена“ која ги водеше Кире, Жути, Дејан, Столе и останатите до победа…