ОК Пробиштип со тешки обвинувања: СРАМОТА, Струмица победи со судиите “навивачи“ од нивниот град

1686

Дерби натпреварот кое се очекуваше да блесне во сиот свој сјај, на крајот веројатно се претвори во срамен натпревар, како што обвинуваат од одбојкарскиот клуб Пробиштип.

Весна Пробиштип денеска во 8. коло од првенството гостуваше во Струмица против истоимената екипа, која победи, а од тимот на Пробиштип обвинуваат дека со помош на двајца играчи, плус судиите од Струмица, што е недозволиво во било кој спорт, имало пристрасни и спорни моменти од мечот кои довеле до пораз на гостите.

Пробиштип беше доминантен во првите два сета, но сепак Струмица Весна ја однесе победата (3:2), (17:25, 23:25, 30:28, 25:21, 15:6).