Весна Пробиштип и Шутова го држат врвот – Максимален учинок по две одиграни кола во одбојкарското првенство

63

Екипите на Весна Пробиштип и Шутова дојдоа до победи во рамките на второто коло од одбојкарскиот шампионат, откако очекувано и рутинирано славеа победи над Студент, односно Универзитет Тетово со по 3:0.

Убедливи беа и екипите на Лешок и шампионот Струмица кои исто така славеа со по 3:0 над Лирија, односно Борец, а екипата на Вардар беше слободна.

По второто коло, единствено Весна Пробиштип и Шутова се максимални со по две победи од два одиграни натпревари, со таа разлика што Весна Пробиштип го држи врвот поради подобра сет-разлика и има максимални 6:0.