Верати го прекина молкот: Не се враќам во Париз

1911

Еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот Марко Верати, конечно, го прекина молкот и им испрати жестока порака на сопствениците на ПСЖ, тврди Газета дело спорт.

Последните месеци тој флертува со Барселона која е силно заинтересирана за него, но проблемите ги прави ПСЖ кој не сака да се раздели со својот фудбалер. Од тие причини, како што тврди Газета дело спорт, Верати категорично порачал дека има само една намера.

“Не се враќам во Париз, сакам да одам во Барселона. Време е да ги исполнам своите желби и да заиграм заедно со Меси”, им рекол Италијанецот на челниците на клубот.

Можно е по ова ПСЖ да ја промени лентата и да го продаде Верати, но отштетата сигурно ќе биде астрономска. Се спомнува дури и сума од 100 милиони фунти за која многумина велат дека Верати не ја заслужува.