Вентура не се дава, но веќе се знае новиот селектор на Италија

1116

Џанпјеро Вентура не сака да поднесе оставка на селекторската функција во италијанската репрезентација, но изгледа дека е само прашање на време кога Фудбалската федерација ќе го назначи неговиот наследник.

Последните информации се дека на жешката клупа ќе седне Карло Анчелоти кој веќе почнал преговори со челниците на Федерацијата. Анчелоти неодамна ја прекина соработката со Баерн и во моментов е без ангажман иако се поврзуваше со неколку кинески клубови.

Ако нема проблеми, трофејниот стручњак кој три пати триумфираше во Лигата на шампионите ќе биде назначен за селектор на “аѕурите” пред крајот на годината и со него ќе почне враќањето на оваа селекција во европскиот и светскиот фудбалски врв.