Венгер се огласи за Мбапе, еве што французинот кажа…

1547

Менаџерот на Арсенал во изјавата за Скај искоментира за трансфер шпекулацијата поврзана со талентираниот напаѓач на Монако.

По фантастичната сезона и освоената шампионска титула во Франција со  “Кнезовите”, Килијан Мбапе непрестанато се доведува во врска со бројни клубови.

Се пишуваше за желбата на Ливерпул да го доведе во своите редови, за непристојната понуда на Пари Сен Жермен, за Реал Мадрид како најсериозен кандидат, но и дека Монако одбил понуда од “Емирати” вредна 100 милиони евра.

Арсен Венгер вели дека ова последното воопшто не е точно и дека станува збор за голема измислица.

“Воопшто не сме испратиле понуда за Мбапе”. изјави “Професорот”.

Арсен Венгер даде и прогноза за тоа каде ќе игра Мбапе наредната сезона.

“Очекувам да остане во Монако”. заклучи менаџерот на “Топџиите”.