Венгер призна: Санчез си оди!

930

Арсенал се наоѓа пред големи промени во играчкиот кадар, на тројца главни играчи како Санчез, Озил и Вилшер им истекува договорот на лето, па уште зимава би можело да го напуштат „Емирати“ со цел клубот да заработи нешто од нив.

Стратегот на „топџиите“, Арсен Венгер за првпат призна дека чилеанецот Санчез е пред извлезни врати и многу веројатно ќе си замине, но најави дека сака да го задржи Озил.

„Овие момци сакат да победува, но сакат и да заработат пари. Затоа ја сакаат оваа комбинација што овие големи клубови може да им ја дадат. Освојуваат титули со нас, но тие сакат да се борат и за трофејот во Премиер лигата и тоа е нормално коа сте на тоа ниво. Веројатно Санчез нема да го продолжи договорот, но сакам да го задржам Џек, како и Озил, нормално ако можеме“, изјави Венгер.

За Алексис според информациите заинтересирани се екипите од Манчестер, лидерот Сити и трофејниот Јунајтед.