Венгер одговори за критиките од неговиот поранешен капитен

1167

Поранешниот капитен и легенда на „топчиите“ Тони Адамс, во својата автобиографија, во долго излагање, го критикува тренерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Адамс во книгата пишува дека францускиот стратег често се плашел од конфронтација со поискусните играчи, и дека често им попуштал да биде се по нивно, а тоа не им се допаѓало на останатите играчи.

Но и покрај тоа, Тони Адамс смета дека Венгер е одличен менаџер, но лош тренер, кој секогаш лошо се снаоѓа во тешки ситуации, односно дека неколку пати му го блокирал враќањето во тимот.

За обвинувањата на Адамс, се осврна и Венгер во неговите последните излагања.

Навистина не ме интересира Тони Адамс и неговото мислење. Најсериозно, воопшто не ми е гајле за она што го напишал во книгата“, е одговорот на Венгер, кој во соработка со Адамс, освои две шампионски титули во Англија.