Венгер не се откажува: Ќе бидам на клупата и идната сезона

372

И покрај дебаклот од Баерн во Лигата на шампионите, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не се откажува од својата работа.

Додуша, тој не ја исклучува можноста да добие отказ на крајот на сезоната, но е категоричен дека тоа нема да значи крај на неговата менаџерска кариера. Договорот со Арсенал му истекува на крајот од сезоната и засега нема најави за почеток на преговорите за негово продолжување. Сепак, и покрај тоа што има 67 години, Венгер не планира да замине во пензија.

“Што и да се случи во Арсенал, ќе бидам тренер и идната сезона, без разлика дали тука или на друго место. Мразам порази, особено вакви и чувствувам голема одговорност. Го водам Арсенал повеќе од 20 години и не би сакал да ме исвиркуваат на домашен терен”, изјави Венгер.

Тој не откри каде би ја продолжил кариерата ако не се договори со Арсенал, но медиумите во Англија повеќе пати најавија дека има понуди од Кина како и неколку можност да стане селектор.