Венгер на нова мака: Се повреди Жиру, неизвесен за лондонското дерби

605

Еден од најдобрите стрелци на Арсенал оваа сезона Оливие Жиру би можел да го пропушти дербито против Тотенхем идниот викенд.

Причина за тоа е повредата на задната ложа што ја доживеа за време на настапите за француската репрезентација. Тој го напуштил кампот на националниот тим и нема да игра против Германија во вторник, а медицинскиот тим на Арсенал ги прави сите напори да го оспособи за игра на саботниот меч.

Ако не игра, тоа ќе биде уште огромен проблем за Арсен Венгер кој сезонава мака мачи и со повредите и со моралот на фудбалерите.