Венгер го „пецна“ менаџерот на Јунајтед: Нема да бидеме како Мурињо!

2847

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го прозва својот колега од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо пред почетокот на својот настап во Лигата Европа.

По 19 години, “топчиите” нема да играат во Лигата на шампионите, но Венгер е категоричен дека нема преку титула во ова натпреварување да бараат враќање во елитата.

„Не планираме да калкулираме и да го бараме својот пат во Лигата на шампионите преку Лигата Европа како што тоа го правеа Мурињо и Јунајтед. Тоа е само една од можностите, но ние ќе се обидеме да обезбедиме пласман преку домашното првенство каде ќе се бориме за највисок пласман”, изјави Венгер.

Сепак, тешко дека некој би можел да го искритикува патот по кој минатата сезона одеше Жозе Мурињо. Иако не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата, Португалецот со својот тим дојде до трофеј на меѓународна сцена кој воедно го однесе во елитното натпреварување на УЕФА.