Венгер ги тестира нервите на навивачите: Ќе останам што е можно подолго

513

Навивачите на Арсенал повеќе сезони чувствуваат немоќ пред упорниот и инаетлив Арсен Венгер, кој гледа дека навивачите не го сакаат, дури и го презираат, но тој не сака да отстапи од тренерската позиција.

Освен што Арсенал нема освоено титула во Премиер лигата цели 14 години, на „топчиите“ се потешко им оди од година в година да се носат со останатите премиерлигаши, кои трошат енормни суми на пари на нови засилувања, против кои Арсенал на крајот не може ништо.

Венгер најави дека и понатаму останува тренер на Арсенал, односно дека не го интересираат протестите на навивачите, кои долг период не се задоволни од него.

Можеби еден ден ќе заминам од Арсенал, но секој дел од животот сакам да сум дел од овој клуб. Вистински тест е да се биде секојдневно тренер на овој клуб, па еден ден сигурно нема да бидам во физичка можност да го водам клубот, па ќе се повлечам“.

Се разбира, ќе бидам во искушение, бидејки мојот живот е врзан за фудбалот и зависно од моето здравје, сакам да бидам уште долго во ова, можеби и како директор понатаму, менаџер или во било кое својство. Колку што е можно, подолго сакам да останам во фудбалот“, појасни Венгер.

Венгер го води Арсенал од далечната 1996 година, и досега има освоено три шампионски титули, седум пати во ФА купот и седум Комјунити Шилдс.