Велс во шок: Трагедија во фамилијата на Герет Бејл!

1826

По серијата повреди што му се случија оваа година, Герет Бејл и неговата фамилија доживеаја огромна трахедија.

Зетот на свршеницата на Бејл, Александер Вилијамс бил пронајден мртов минатата среда во Пенарт, мало гратче во јужен Велс. Иако нема индиции за убиство, полицијата се уште ги истражува причините за смртта.

Смртта на Вилијамс доаѓа во период кога Бејл и неговата сврќеница Ема Рајс Џонс подготвуваат свадба како круна на нивната долгогодишна љубов. По трагедијата, Ема ја напуштила Шпанија и се преселила во Велс за да и даде поддршка на својата сестра.

Во меѓувреме и самиот Бејл минува низ ужасен период од кариерата. Оваа сезона одигра само пет натпревари во Ла Лига и постигна два гола, а новите информации се дека нема да се врати на фудбалските терени до крајот на годината.