Вардар фуриозно го „одува“ ФТЦ од Скопје за победнички старт во ЛШ

466

Македонскиот женски ракометен првак Вардар победнички ја започна новата сезона во Лигата на шампионите откако пред своја публика, вечерва славеше над унгарски ФТЦ Ференцфарош со резултат од 34-31

Воведот на мечот, односно првата половина од првото полувреме помина во израмнета игра, гол за гол, се до 16. Минута кога резултатот на семафорот беше нерешен (10-10). Во продолжени на терен имаше само еден тим, а тоа беше Вардар кој направи серија од 8-0 за предност од +8 (18-10), период во кој цели  9 минути не прими гол.

До крајот на првите 30 минути, ФТЦ даде еден гол, но „црвено-црните“ со погодокот на Чанаџија на паузата заминаа со највисоки +9 (20-11).

Унгарките на почетокот на второто полувреме во 36. Минута со добра игра спуштија на -6 (23-17). Сепак во продолжени, по повиканиот  тајм-аут, советите на Дибирова вродија со плод па предноста за првпат со голот на Цвијиќ стана и двоцифрена (31-21).

Во финишот на мечот дојде до опуштање во играта кај македонскиот првак што гостите го искорисија и го ублажија поразот за конечен резултат и победа на Вардар од 34-31.

Цвијиќ и Лекиќ со по 7 постигнати гола беа најефикасни во победничкиот табор на Вардар, додека во редовите на ФТЦ, со 7 погодоци прво име беше Фалугеи

Избраничките на Ирина Дибирова во рамки на следното, 2. Коло од групата Ц патуваат во Германија кај Туринген. Овој меч се игра идната недела со почеток од 14.00 часот