Вардар со ШОК за Весна Пробиштип

1811

Одбојкарскиот клуб на Вардар кој е составен од млади надежни играчи, потпомогнати од неколку наши репрезентативци, направи големо изненадување во 4. коло од Првата лига.

„Црвено-црните“ вчера во Пробиштип го изненадија фаворизираниот и искусен тим на Весна Пробиштип, откако го совладаа со 1-3 во сетови (23-25, 20-25, 25-17,18-25).

Вардар со победата вчера, го задржа максималниот ефект од три победи, но е на 4. место на табелата бидејќи едно коло беше слободен сооглед на тоа што лигата брои 9 екипи.