Вардар со убедлива победа си ја завери визата за фајнал форот од СЕХА лигата

525

Македонскиот и европскиот шампион Вардар, кој воедно е бранител и на титулата во СЕХА лигата, славеше убедлива победа на гостувањето во Словечка кај Татран Прешов со 22:30.

Со оваа победа, Вардарци многу порано пред крајот на регуларниот дел од сезоната си го обезбеди местото во фајнал-форот.

Раул Гонзалез на овој натпревар не можеше да смета на услугите на Борозан, Чупиќ и Абутовиќ, додека Милиќ бранеше фантастично, па Штербик остана на клупата за резерви.

Милиќ уште од стартот влезе во серија, а Дибиров и Кристопанс ја зголемуваа предноста на Вардар. Но, Хрстка го врати Татран во игра и на четири минути пред полувремето израмни на 12:12. До крајот на првиот дел, Стоилов и Дибиров се потрудија Вардар на паузата да замине со предност (14:13).

Во вториот дел Милиќ повторно продолжи со извонредните интервенции, а на спротивната страна Вардарци го полнеа голот на Прешов. Македонскиот првак ја одржуваше предноста од 3 до 4 гола во текот на речиси целото второ полувреме, за на крајот сепак да дојдат до поубедлива победа, односно 22:30.

Дибиров беше најефикасен со девет голови, Циндриќ и Војводиќ дадоа по пет, Кристопанс додаде четири гола, додека Милиќ имаше 13 интервенции.