Вардар со комбинирам тим му даде 42 гола на Динамо

390

Бранителот на титулата во СЕХА лигата, Вардар продолжува со убедливите настапи во ова натпреварување каде повторно е главен фаворит за трофејот.

“Црвено-црните” остварија уште една убедлива победа, сега против Динамо Панчево со 42:32 во меч во кој Раул Гонзалес ги одмораше главните играчи и настапи со комбиниран тим. Српскиот тим се држеше некако во првите 39 минути кога резултатот беше 23:21. Тука Вардар малку нагази и во следните седум минути се одлепи на +7 (32:25). Динамо повеќе не можеше да го издржи темпото и во финишот предноста на нашиот тим стана двоцифрена.

Мијајло Марсениќ со седум гола беше најефикасен кај Вардар, а по шест постигнаа Кањељас и Чупиќ. Кај Динамо, најефикасен беше Пилиповиќ со шест гола, но четири постигна од пенал.

По седум одиграни натпревари Вардар е убедливо на првото место на табелата во СЕХА лигата со максимални 21 бод, осум повеќе од второпласираниот Загреб.