Вардар со бод, но и со парички ги заврши настапите во Европа лига

1616

Македонскиот фудбалски првак Вардар го поправи колку толку лошиот впечаток по стартните средби во Европа лига.

Во претходното коло кај Зените загуби со минимален резултат од 2-1, а вчерва стигна до историски бод, по ремито против Розенборг со резултат од 1-1. „Црвено-црните“ на тој начин избегнаа да влезат во малиот број клубови кои имаат неславен рекорд од шест максимални порази во ова натпреварување.

Простор за задоволство има и кај управата на Вардар која од овој бод ќе инкасира 120.000 евра. Сепак целосната заработка од настапите на Вардар сезонава во Европа е многу поглеми и сигурно изнесува околу 3 милиони евра.