Вардар се засилува со најдобриот ракометар на Санкт Петербург

7435

Македонскиот ракометен првак Вардар  игра одлично и сезонава  руши рекорди, а притоа подзаборави од поодамна што беше тоа пораз. Сепак и покрај сето ова има голема загриженост кај фановите на „црвено-црните“, а сето тоа поврзано со иднината на клубот.

Стратегот Раул Гозалез објави дека заминува од следната сезона во ПСЖ, претходно Лука Циндриќ го официјализираше договорот со Кјелце. Неделава, Арпад Штербик беше промовиран во нов ракометар на Веспрем, а вчера Мијајло Марсениќ во Фуше Берлин.

Од клубот си заминуваат и Илија Абутобиќ, како и Хорхе Македе, но веќе се работи и на доведување нови ракометари.

Како што дознава sportclub.mk, нов ракометар на Вардар од идната сезона треба да биде најдобриот играч на руски Санкт Петербург, Дмитри Киселев. Станува збор за 23-годишен ракометар кој игра на позицијата денесен бек. Сезонава убедливо е прв стрелец на својата екипа, а веќе две години наназад е и стандарден член на репрезентацијата на Русија.