Вардар потврди: Абутовиќ уште три сезони во „црвено-црното“ семејство

438

РК Вардар на време ги обезбедува потписите на важните играчи за следните предизвици, како на домашна, така и за европската сцена, каде Вардар постојано е во завршницата од големите турнири.

Добрите игри на Илија Абутовиќ сезонава беа препознаени и од ЕХФ и тој е вклучен меѓу кандидатите за најдобар одбранбен играч во лигата на шампионите.

Абутовиќ од 2011 година е дел од Вардар и беше дел од најголемите клупски успеси, меѓу кои и трите титули во СЕХА лигата, трите настапи во четврт-финалето на ЛШ, пласманот на Ф4 турнирот во ЛШ и неколкуте шампионски и куп титули во домашното првенство.