Вардар не застанува -„црвено-црните“ срушија нови рекорди

533

Македонскиот ракометен првак и актуелен шампион на Европа, Вардар продолжи со одлични игри сезонава. Вчера во дуелот од Лигата на шампионите беше убедлив против Кристијанштад со резултат од 31-15, а со оваа победа сруши нови клупски рекорид.

За „црвено-црните“ ова е  нов клупски рекорд од 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ, и 20 меча по ред сезонава без пораз.

Вардар се и единствен тим што на сите натпревари сезонава во ЛШ освојувал бодови.

Истовремено, триумфот на составот од Шведска е највисока победа на Вардар во ЛШ. Досегашниот рекорд  беше „плус 13″ остварен во 2013 година против Вакер.

За одвојување од овој дуел е што голманот Штербик имаше повеќе одбрани отколку што ривалот постигнал голови. Арпад запиша 17 одбрани, а Кристијанштад само 15 гола.