Вардар немаше решение: Сосиедад оствари втора рутинска победа против „црвено-црните“

218

Реал Сосиедад со рутинска игра оствари уште една победа против ФК Вардар вечерва на „Аноета“ со 3:0, во рамките на 4. коло од Лига Европа.

Реал Сосиедад со овој триумф е прв на табелата, всушност на делба на првата позиција заедно со Зенит Санкт Петерсбург и меѓу овие две екипи веројатно ќе се води битката за првата позиција на табелата.

Вардар немаше некои поизгледни шанси за да постигне гол, изгледаше инфериорно, па го забележа 4 пораз во првото учество во Лига Европа.

Головите за шпанската екипа ги постигнаа Хуанми, Де ла Бела и Џон Бо.

Од останатите натпревари, Арсенал и Црвена Звезда одиграа 0:0, што сигурно е добар резултат за Белграѓани, Атлетик Билбао победи со 1:0 против Остерсунд.

ФЦБ – Беершева 1:1
Келн – Бате 5:2
Херта – Зориа 2:0
Лацио – Ница 1:0
Плзен – Лугано 4:1
Розенборг – Зенит 1:1
Салцбург – Коњаспор 0:0
Витесе – Варегем 0:2
Гимараеш – Марсеј 1:0
Јанг Бојс – Динамо Киев 0:1
Славиа Прага – Виљареал 0:2
Ријека – Австрија Виена 1:4
Партизан – Скендербег 2:0
Макаби Тел Авив – Астана 0:1
Лион – Евертон 3:0
Лудогорец – Брага 1:1
Локомотив М. – Тираспол 1:2
Копенхаген – Злин 3:0
Басаксехир – Хофенхајм 1:1