Вардар машки се бореше, но падна“ во „Блауграна“

238

Ракометарите на Вардар одиграа машки натпревар во Шпанија, но на крајот сепак подобар беше домашниот состав, кој ја прекина серијата на актуелниот шампион (29:28).

„Црвено-црните“ имаа солидно прво полувреме, на десетина минути до крајот на мечот дури имаа и предност од +2 гола, но на крајот од полувремето имаа -1 негатива (12:11).

Во вториот дел домаќините беа во постојано водство од 2-3 гола, а во финишот на мечот Вардар дојде во ситуацијата да игра за реми последните 20 секунди, но сепак тренерот на Каталонците свика тајм-аут и им советуваше како да одиграат.

Арпад Штербик денеска забележа 14 одбрани, кои сепак се покажаа на крајот злудни бидејки Вардар не успеа да ја одржи серијата на победи.