Вардар и Шкупи дефинитивно ќе играат без публика

444

Дуелот закажан за утре помеѓу Вардар и Шкупи на арената „Филип Втори“ ќе се одигра пред празни трибини, со оглед на тоа дека е изречена суспензија од страна на ФФМ.

Така што, од официјалниот сајт на ФК Вардар информираат дека дуелот ќе може да се се проследи само преку видео линк, а трибините за жал ќе бидат затворени за сите љубители на фудбалот.

Натпреварот инаку, помеѓу Вардар и Шкупи е закажан за утре со почеток во 14:00 часот.