Вардар испиша историја на СЕХА лигата

1352

Вардар по синоќешната победа над Нексе со 21-30, не само што освои три нови бода, туку и се стекна со дополнителна чест.

“Црвено- црниот” станаа првиот тим со 100 победи на СЕХА Гаспром лига. Трикратниот шампиони на тој начин успеа повторно да го испише сосптвеното име во историјата, остварувајќи 100 победи во 132 натпревари во текот на седумте сезони.

Вардарци со победата во Нашице само ја продолжија серијата на победи која што сега гласи осум по ред оваа сезона и 14 во СЕХА лигата во целина. Тие во моментов живеат низ долга од 18 меча без пораз (8 во СЕХА лигата, 9 во Лигата на Шампионите и еден во Суперкупот на Македонија).

Во 132 СЕХА – Гаспром лига натпревари, македонскиот прва постигна 3963 гола, што ги доведе до просек од 30 гола по натпревар, а прими речиси 600 помалку – 3379. Минатата сезона се разбира беше најдобрата досега  со 17 победи , два нерешени и само еден пораз.

Треба да се додаде дека Вардар е еден од четирите тима кои биле дел од СЕХА заедницата од самиот почеток во сезоната 2011/2012. Исто така е една од двата тима кои играше на сите претходни Ф4 турнири, притоа до финале стигна на пет наврати,а титулата ја креа трипати, што е уште еден рекорд со кој може да се пофали.