Вардар замина за Шпанија со надеж за подобро издание (ФОТО)

239

Експедицијата на македонскиот фудбалски првак Вардар утринава замина за Сан Себастијан каде утре игра со Реал Сосиедад во четвртото коло од Лигата Европа.

Се очекува патот да трае околу четири часа по што фудбалерите имаат време за одмор до тренингот во 19 часот на стадионот Аноета. Единствена желба на нашите фудбалери е што подобро да се претстават и да го поправат впечатокот по дебаклот од истиот противник на домашен терен пред две недели.

По првите три кола од Лигата Европа, Вардар е без бодови и со гол-разлика 1:14.