Вардар грмеше во „Јане Сандански“ – историско полуфинале за „црвено-црните“

2350

Македонскиот шампион успеа да ја оствари својата ракометна мисија, да го елиминира незгодниот Флензбург, и да се пласира во полуфиналето од ЛШ сезонава.

„Јане Сандански“ вечерва експлодираше, Вардар одигра натпревар за паметење и со убедливи 35:27 се пласираа во полуфиналето.

Доминацијата на Вардар беше нагласена во целиот натпревар, а Флензбург денеска немаше шанси против вака разиграниот и мотивиран Вардар.

Во победата на Вардар најмногу се истакна Лука Циндриќ со седум голови, а до него веднаш беа Душебаев и Шишкарев со по 5 погодоци. Добро е да се напомене и придонесот на Арпад Штербик, кој повторно имаше неколку фантастични интервенции против Флензбург.

Вардар сега со нетрпение го очекува следниот противник во полуфиналето во Келн.