Вардар гази: Демолиран Еурофарм Работник на патот кон титулата

661

Македонскиот шампион Вардар беше сигурен во натпреварот против Еурофарм Работник, совладувајки го со 37:19, со што „црвено-црните“ направија уште еден чекор до одбрана на титулата.

Почетокот за Еурофарм Работник беше добар, тие парираа во првите 20 минути, но како одминуваше натпреварот, Вардар фати ритам и разликата беше се поголема.

Уште на полувреме беше најавена победата, кога Вардар имаше предност од 19:19, а до крајот таа беше надополнета на +18.

Вардар сигурно ита кон нова титула со уверливи резултати. Денеска во редовите на „црвено-црните“ најдобар беше Иван Чупиќ постигнувајки 8 голови. Во редовите на битолската екипа најдобар беше Чурлевски со 5 голови.

loading...