Вардарки во проблеми пред тешкиот меч со ФТЦ: Лекиќ и Бајрамовски поради повреди останаа во Скопје

220

Екипата на Вардар денес замина кон Будимпешта на можеби најтешкиот натпревар во досегашниот дел од сезоната. С сабота, во рамки од 5. коло во групата Ц од Лигата на шампионите, нашиот шампион ќе ги одмери силите со домаќинот ФТЦ Реил Карго, меч кој ќе одлучи кој ќе биде прва на табелата и колку бодови ќе пренесе во следната фаза.

„Црвено-црните“ сепак се соочија со големи проблеми во пресрет на мечот откако заради повреди останаа без бековите Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска. Па отука оправдани се стравувањата на тренерот Ирина Дибирова која потенцира дека особено Андреа многу ќе и недостига.

„Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет и осоколени откако го победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопремен нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачич и Пена. Спремни сме, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч“, изјави Дибирова.

Во првиот сезонски дуел на овие два клуба, нашиот Вардар во Скопје славеш победа од 34-31. Пресметката во сабота е закажана со почеток од 13:30 часот.