Валентино Роси во Формула1?

803

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, во идниот период имал во план да го донесе во Формула 1 Валентино Роси, славниот МОТО ГП шампион, со кој сакал да тестираат од негов натпреварувачки агол.

Тимот на Мерцедес веќе тестираше со порашениот Мото ГП шампион Хорхе Лоренцо, кој седна во болидот на Германците на патеката Силверстоун во октомври годинава.

Според зборовите на Лоренцо, дека целиот болид во споредба со нивните мотори во Мото ГП, биле сосема друг свет, кај Тото Волф се родила иновативна идеја, да го покани и Валентино Роси, заедно со него да тестираат за идната сезона.

Но со оглед на тоа дека Роси веќе тестираше со Ферари во минатото, не би требало да биде изненадување, доколку Роси го прифати овој предизвик, и седна на извесен период во еден Ф1 бочид.