БЏЏ камп со професор Роберт Наумоски во Охрид

126

Следниот викенд во организација на клубовите за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” и Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица ќе се одржи традиционалниот семинар под водство на првиот македонски црн појас во светот, Проф. Роберт Наумоски. Асистент на семинарот на семинарот е Претседателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица заедно со своите тренери од неколку македонски бџџ клубови (Охрид, Куманово и Прилеп).

Главниот дел од БЏЏ кампот ќе биде за време на викендот каде што се предвидени неколку семинари:

сабота 10.00 – 11.30 САМО ЗА ЧЛЕНОВИТЕ ОД РУТС БЏЏ
сабота 17.00 – 20.00 БЏЏ Кимоно
недела 10.00 – 13.00 Без кимоно – граплинг
недела 16.00 – 19.00 MMA

Семинарите во сабота и ММА семинарот ќе ги води Проф. Роберт Наумоски. Проф. Наумоски (https://www.youtube.com/watch?v=tzuulKJR_xs) е првиот македонски носител на црн појас во БЏЏ под водство на првиот црн појас во Австралија, Проф. Пауло Гуимараеш (носител на црн појас со 5 ленти) и денес е еден од предводниците на најуспешниот БЏЏ клуб во Австралија “ROOTS BJJ”.

Линија на пренесување на БЏЏ: Хелио Грејси – Жорж Переира – Пауло Гуимараеш – Роберт Наумоски – Ивица Алексовски.

Семинарот во недела, Граплинг ќе го води Стефан Криег – првиот австралијанец кој освоил златен медал во граплинг на еден од најсилните светски натпреварувања кое секоја година се одржува во Абу Даби.

Цена за учество на семинарите изнесува 2000 денари!

За оние кои што немаат кимоно, а сакаат да бидат дел од семинарите и да научат нешто ново, може да учествуваат само на семинарите во недела (граплинг и мма) и цената за учество изнесува 1500 денари!

Семинарите ќе се одржат во гимназијата “Св. Климент Охридски”.

Повеќе инфо за сместувањето може да добиете на 075 307 226 Дејан Чолески.

На семинарите ќе се увежбуваат повеќе техники на напад и ослободување од повеќе позиции, ќе се доделуваат појаси на оние кои ги заслужиле, ќе се доделат нови ленти на појаси итн…

Покрај техниичкиот дел, учесниците во периодот пред и по семинарите заедно ќе се дружат и уживаат на плажите на Охридското крајбрежје.

Извор: thestrongest.mk