„Бјанконерите“ во акција: Јувентус ќе пазари на Олд Трафорд?

2032

Италијанскиот шампион Јувентус сериозно размислува да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за трансферот на Матео Дармијан.

Репрезентативниот бек има само два настапи како стартер оваа сезона и одамна се зборува за негов трансфер. Сепак, имајќи го предвид ограничениот играчки кадар на Јунајтед, речиси никој не верува дека Дармијан ќе добие дозвола за враќање во Италија.

Ако не успее сега, Јувентус речиси сигурно и во летниот преоден рок ќе испрати понуда за поранешниот фудбалер на градскиот ривал Торино.