Бјанки замина, но никогаш нема да биде заборавен: Ф1 не го заборава Жил (Видео+Фото)

1270

Починатиот Ф1 возач Жил Бјанки, кој некогаш беше возач на Марусија, пред точно 3 години си пресуди на патеката Сузука во Јапонија.

Точно пред три години, Жил Бјанки имаше ужасна хаварија и излетување од влажната Сузука во Јапонија, кога се заби во дел од заштитниот ѕид крај патеката, излетување по кое никогаш не се врати во живот.

Тој цели 9 месеци потоа водеше битка за неговиот живот, но не издржа, им подлегна на повредите и отиде во историјата.

Многумина се уште ќе го сеќаваат овој надежен возач, кој беше еден од потенцијалните идни возачи во Ферари, барем така го гледаа во Маранело.

Оваа недела пред нас, се вози повторно трката во Сузука, Ф1 се враќа на местото на злосторот, а дел од Ф1 возачите денеска се присетија на Бјанки, и му положија свежо цвеќе на кобната кривина каде Бјанки си ја зацрта судбината….