Бушар: Надал не е човек, она што тој го направи..

1345

Еуген Бушар, тенисерката од Канада, на пресконференцијата за медиумите пред ВТА турнирот во Мајорка, имаше само пофални зборови за Рафаел Надал.

Медиумите во тоа веднаш препознаа нешто повеќе од обична пофалба, па веднаш тргнаа со нагодувања, дека можеби меѓу оваа тенисерка и Надал се случило нешто.

Надал е супер тенисер, знаевме дека Рафа може многу да освои. Секогаш дава максимум од себе и мислам дека ќе продолжи да ги импресионира лушето. Тоа е навистина неверојатно. Рафа не е човек, неверојатно е тоа колку пати Надал триумфираше во Париз“, изјави Бушар.

Шпанецот го освои својот 15ти Грен слем трофеј во кариерата, и со победата на Ролан Гарос, можеби повторно си ги подгреа надежите дека ќе успее да го стигне недопирливиот Роџер Федерер, кој е најуспешен тенисер.